Мото ГП

Брутално: Со рекорден круг, Марк Маркез стигна до 10-та пол позиција во низа во Заксенринг!

Марк Маркез е без конкуренција во Заксенринг, Шпанецот и денеска беше најбрз во квалификациите и со рекорден круг стигна до 10-та пол позиција во низа на ГН на Германија.

Рукито Фабио Квартараро оваа сезона покажа дека знае да им ги помати сметките на фаворитите во квалификациите, но и тој беше немоќен во Заксенринг. ГН на Германија му е омилена на Марк Маркез, кој доминира една деценија.

Шпанецот не дозволи изненадување и со нов рекорд на патеката од 1:20.195 стигна до 10-та пол позиција во низа. Фабио Квартараро мора да се задоволи со старт од второто место, а во првиот ред уште се најде и Маверик Вињалес. 

Во вториот ред се Алекс Ринс, Џек Милер и Кал Крачлоу, додека пак Франко Морбидели, Пол Еспаргаро и Жоан Мир се најдоа во третиот ред.

Такаки Накагами е во четвртиот ред покрај Валентино Роси и Данило Петручи, а разочарувачки квалификации имаше претендентот за титулата, Андреа Довициозо. Возачот на Дукати испадна уште во првиот дел од квалификациите и утре ќе стартува како 13-ти.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе