Еден возач е во сериозна здравствена состојба

Брутален судар во последниот круг на Дејтона 500, се огласи и претседателот Трамп (ФОТО и ВИДЕО)

НАСКАР трката во Дејтона имаше драматичен финиш, во последниот круг дојде до брутален судар по кој возачот Рајан Њумен заврши во болница во сериозна здравствена состојба.

Брутален судар на легендарната „500 милји Дејтона“, во последниот круг кога се решаваше победникот. Водечкиот Рајан Њумен се обиде да блокира и дојде до минимален контакт со второпласираниот Рајан Блејни.

Рајан Њумен потоа загуби контрола над автомобилот, силно се заби во ѕидот и полета во воздух. Кога се врати на патеката, беше удрен од автомобилот на Кори ЛаЏои, а на крајот и се запали.

На местото на несреќата веднаш дојдоа медицинските служби, го извлекоа од возилото и го одведоа од болница. Од НАСКАР брифираат дека Рајан Њумен е во сериозна здравствена состојба, но неговите повреди не се живното загрозувачки.

Трката заврши со победа на Дени Хамлин, кој втора година по ред слави во Дејтона, и стана првиот возач на кого ова му пошло од рака по Стерлинг Мартин во 1995 година.

Стравичниот карамбол беше причина да се огласи и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој на Твитер напиша: „Се молам за Рајан Њумен, храбар и одличен НАСКАР возач“.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе