Спектакл на УФЦ 239 во Лас Вегас

Брутален нокаут за само 5 секунди, најбрз во историјата на УФЦ (ВИДЕО)

Борбата помеѓу Хорхе Масвидал и Бен Аскрен на УФЦ 239 во Лас Вегас го донесе најбрзиот нокаут во историјата на ова натпреварување, Хорхе Масвидал по само пет секунди го нокаутираше противникот и ја доби пресметката со својот сонародник.

Утрово во Лас Вегас се одржа УФЦ 239, главен настан беше борбата помеѓу Џон Џонс и Тијаго Сантош, но се помина во сенка на потегот на Хорхе Масвидал.

Американецот го режираше најбрзиот нокаут во историјата на ова натпреварување и ја доби пресметката со сонародникот Бен Аскрен по само пет секунди.

Откако беше означен старт на борбата, Хорхе Масвидал со „летачко колено“ го закачи Бен Аскрен во глава и го патосираше. Иако беше јасно дека Бен Аскрен загуби свест, Хорхе Масвидал му зададе уште два удари во глава додека тој лежеше неподвижен во октагонот, па судијата веднаш реагираше и ја прекина борбата.

Запрашан зошто продолжил да го удира противникот и покрај тоа што било јасно дека тој е во аут, Масвидал рече: „Судијата не ме тргна и моја работа е да го удирам противникот се додека судијата не ме тргне. На луѓето кои не им се допаѓа ова, нека не гледаат ММА и нека одат да гледаат фудбал“.


ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе