Формула 1

Ботас во последниот сектор ја изгуби пол-позицијата од Хамилтон, Ферари очаен во Барселона

Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позиција на ГН на Шпанија, Британецот за нијанса беше подобар од својот тимски колега Валтери Ботас, Ферари имаше очаен настап во квалификациите, Шарл Леклер беше побавен за секунда ипол.

Луис Хамилтон победи на денешните квалификации во Барселона, актуелниот шампион беше подобар од Валтери Ботас за 0,059 секунди. Финецот битката ја загуби во последниот сектор, низ првите две мерни точки имаше време за пол, но не успеа да комплетира перфектен круг.

Возачите на Мерцедес одново немаа конкуренција, Макс Верстапен заостануваше дури 0,7 секунди, а под една секунда заостанување имаше само уште Серхио Перез.

Ферари денеска повторно разочаран. Себастијан Фетел беше елиминиран во втората сесија, а Шарл Леклер ќе стартува како девети со секунда ипол заостанување во однос на времето на Луис Хамилтон.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе