Формула 1

Ботас во финишот го претекна Хамилтон за победа но Британецот се радува на нова титула!

Валтери Ботас победи на ГН на САД откако во финишот го претекна Луис Хамилтон, но Британецот и без триумф во Остин се радува на нова титула во Формула.

Доминација на Мерцедес во САД, Валтери Ботас Ботас триумфираше пред тимскиот колега Луис Хамилтон. Британецот се реши за стратегија со едно застанување во бокс, па беше во водство во завршниот дел од трката. Сепак, не можеше ништо да стори кога на пет круга до крајот Финецот нападна со посвежи пневматици и на вториот правец лесно го претекна за сосема заслужена победа во викенд кога ја освои и пол позицијата.

Но Луис Хамилтон нема да биде разочаран, денеска се радува на нова титула во Формула 1, негова шеста. Тој пред себе сега го има само легендарниот Михаел Шумахер.

Последното место на пиедесталот му припадна на Макс Верстапен, кој во последниот круг се обиде да го претекне Луис Хамилтон, но не успеа да изгради добра позиција за напад а имаше и двојни жолти знамиња на крајот од вториот правец кои дополнително ја отежнаа задачата.

Ферари одново потфрли во трка, Себастијан Фетел на стартот беше поминат од неколку ривали, а потоа се откажа откако се расипа неговиот болид по една кратка авантура преку тротоарчињата. Шарл Леклер заврши како четврти со огромно заостанување од 50-тина секунди.

Во бодови уште завршија и Алекс Албон, Даниел Рикиардо, Ландо Норис, Карлос Саинц, Нико Хулкенберг и Дани Квајт.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе