Формула 1

Ботас му ја украде пол позицијата на Хамилтон, Хулкенберг ќе стартува трет

Валтери Ботас ќе стартува од пол на утрешната ГН на Британија, Финецот во финишот го симна од врвот Луис Хамилтон. Нико Хулкенберг имаше одлично време и ќе стартува трет.

Возбудливи квалификации на втората трка во Силверстоун, Валтери Ботас покажа заби и му ја украде пол позицијата на Луис Хамилтон.

Британецот прв зададе удар со време од 1:25.284, во вториот брз круг успеа да се подобри за нијанса и да постави време од 1:25.217, но Валтери Ботас го имаше последниот збор и стигна до победа во квалификациите со време од 1:25.154.

И додека никој не можеше да им парира на возачите на Мерцедес, Нико Хулкенберг покажа дека има што да понуди и утре ќе стартува како трети, Германецот постави време од 1:26.082.

Место во вториот ред обезбеди и Макс Верстапен, а потоа следуваат Даниел Рикиардо, Ленс Строл, Пјер Гасли, Шарл Леклер, Алекс Албон и Ландо Норис.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе