Формула 1

Ботас ќе стартува прв на спринт-трката, но последен на главната трка

Валтери Ботас со сензационален круг му ја украде пол позицијата на Луис Хамилтон на спринт трката, но Финецот ќе стартува како последен на главната трка во недела откако Мерцедес реши да го промени моторот.

Валтери Ботас ќе стартува од пол-позиција на денешната спринт трка од 18 круга во Монца, Финецот со сензационален круг успеа да го симне својот тимски колега Луис Хамилтон од врвот.

Британецот делуваше моќно во првата и втората сесија од квалификациите, но Валтери Ботас во својот последен круг постави фантастично време од 1:19.555 кое беше недостижно. Луис Хамилтон на крајот мораше да се задоволи со второто место, додека пак Макс Верстапен го издржа налетот на возачите на Мекларен и ќе стартува како трети.

Денешните резултати од спринт трката ќе го утврдат редоследот на стартот на утрешната главна трка, но без разлика на кое место ќе финишира Валтери Ботас, тој во недела ќе стартува како последен.

Мерцедес реши комплетно да го промени моторот во болидот на Финецот, па Валтери Ботас ќе добие казна и ќе почне од опашката.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе