Формула 1

Ботас ја продолжи соработката со Мерцедес, Фетел уште пред два месеци си договорил нов ангажман

Валтери Ботас и Мерцедес ја продолжија соработката, Финецот стави потпис на едногодишен договор, а медиумите шпекулираат дека и Себастијан Фетел има договорено ангажман за следната сезона.

„Сребрената стрела“ реши едно прашање за следната сезона, Валтери Ботас стави потпис на едногодишен договор и ќе вози за Мерцедес и во 2021 година. Тимот сега ќе се насочи на потешкиот дел од задачата, да ја обезбеди иднината на Луис Хамилтон.

Британецот е под договор до крајот на оваа сезона, и формални преговори за продолжување на соработката се уште не се почнати.

Во меѓувреме, Газета дело Спорт пишува дека Себастијан Фетел останува во Формула 1 и следната сезона ќе вози за Астон Мартин (сегашен Рејсинг Поинт).

Весникот објасни дека соработката начелно била договорена уште пред два месеци, требала да биде соопштена помеѓу двете трки во Силверстоун, но работите се искомпликувале откако Серхио Перез се зарази со коронавирус. Германецот ќе му го земе местото на Мексиканецот, па тимот не сака сега под вакви околности да ја соопшти промената.

 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе