Формула 1

Ботас го изненади Хамилтон за пол во Австрија, ретко кој очекуваше толку очајно издание на Ферари

Валтери Ботас стигна до пол позиција во Австрија, Финецот за само 12 илјадитинки беше побрз од својот тимски колега Луис Хамилтон, Макс Верстапен ќе стартува како трет а очаен настап имаше двоецот на Ферари.

Валтери Ботас се радува на 12-та пол позиција во кариерата. Финецот попладнево беше најбрз во квалификациите од првата трка во Австрија и стартот на новата сезона во Формула 1.

Неговото време од 1:02.939 поставено во првиот брз круг беше подобро за само 12 илјадитинки од постигнувањето на Луис Хамилтон. Макс Верстапен заврши како трет, но заостануваше повќе од половина секунда.

Ферари имаше очајно издание, на сите им беше јасно дека денеска нема да бидат предизвикувачи, но ретко кој очекуваше Себастијан Фетал да испадне уште во втората сесија, а Шарл Леклер да биде седми.

Во одлично светло денеска се прикажа младио Ландо Норис од Мекларен, кој ќе стартува во вториот ред покрај Макс Верстапен.

Во третиот ред ќе бидат Алекс Албон и Серхио Перез, а во четвртиот, Карлос Саинц ќе му прави друштво на Шарл Леклар. Петиот ред е резервиран за Ленс Строл и Даниел Рикиардо.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе