По 15 години „челичниот“ се врати во рингот

Боксерскиот спектакл меѓу Тајсон и Рој Џонс заврши без победник, Мајк сака нов меч (ВИДЕО)

Мечот во Стејплс центарот во Лос Анџелес меѓу 54-годишниот Мајк Тајсон и 51-годишниот Рој Џонс Џуниор заврши нерешено. 

Мечот траеше осум рунди од по две минути, двајцата боксери имаа свои импресивни моменти во текот на борбата, на крајот судиите одлучија исходот да биде нерешен.
 
„Ова е подобро отколку да се бориме за титули. Сега сме хуманитарци. Можеме да направиме нешто добро за светот. Треба да се бориме повторно“, изјави Мајк Тајсон по мечот.
 
Тајсон треба да заработи околу 10 милиони долари за оваа борба, а од претходно вети дека целата сума ќе ја донира во хуманитарни цели.
 
Ова беше враќање во рингот на Тајсон по 15 години, тој од боксот се повлече во 2005 година по поразот од Кевин Мекбрајд. Рој Џонс боксуваше и во своите 40ти години.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе