Веќе никој нема да може да каже дека Битола нема своја трка

Битола ја доби првата градска трка, „Трчај бе“

На 15 септември во Битола ќе се одржи првата градска трка, под името „Трчај бе“. Организаторите сакаат градот под Пелистер да го кренат на нозе и да почнат еден позитивен тренд, кој е актуелен во многу градови низ светот.

Името на трката е битолски „Трчај бе“, како што е и името на Здружението на организаторите, кои стојат зад оваа идеја и кои за себеси ќе речат дека се луѓе со желба за трчање. 
 
Целата идеја започна минатата година, кога таа група ентузијасти кои професионално се во некои сериозни професии, а го сакаат трчањето, се запраша како да го натера градот кој е познат по маратонски седење и пиење на кафе по Широк сокак да почне рекреативно да трча. 
 
 
И зошто Битола како многу други градови во државата нема своја трка?
 
Така започна оваа идеја, која денес е пред реализација и зад која застанаа многу познати јавни личности, институции, компании и жители на градот Битола. 
 
„Трендот да почне да се трча е видлив, паркот никогаш не бил со толкава бројка на трчачи ова лето на исклучително високи темепратури. Трнед кој е извонреден, позитивен и незапирлив. И можеме да зборуваме за одличен старт по бројот на пријавените кои расте секојдневно и интеракцијата со јавноста која ја остваривме преку социјалните медиуми", велат организаторите.
 
„Да се поттикне трчањето како рекреативен спорт во Битола е одлична работа за целата заедница. Нашата цел не е да ги натераме луѓето да се одважат да истрчаат маратон, иако Битола веќе има маратонци со одлични резултати и атлетичари со награди на кратки стази. Нашата цел е да ги поттикнеме да одлучат да се пријават и да ги истрчаат своите први 5км“.
 
 
„На трката веќе е пријавен кремот на македонските атлетичари кои победуваат на трките во нашата земја и нижат успеси низ светот. Нивното присуство на трката ќе и даде вредност која треба да се искористи не само да стане традиција туку да прерасне во поголем спортски настан кој ќе ги надмине границите на локалното. Сепак тенденцијата преку ваков настан да се промовира трчањето кај широката популација останува определба на Трчај бе“.
 
Тие за себеси ќе речат:
 
„Трчај бе“ не е атлетски клуб. Нам не ни се најважни тие кои први ќе ја поминат целта, иако им се восхитуваме и ќе им ракоплескаме и затоа ќе ја организираме првата градска трка во трчање. Секој голем напор и секое поминување низ целта се победа за сите нас. Нашата цел е да создадеме што повеќе задоволни Трчај бе вљубеници и да им помогнеме да ги поминат своите први и најбрзи километри.
 
Ние сме тркачите на Битола и со Трчај бе создаваме нова спортска приказна за градот. Така, на 15 септември во Битола ќе се одржи првата градска трка на 5 и 10км.
 
 
Трчај бе има моќ да го промени животот на битолчани. 
 
Трчај бе ќе ја организира првата градска трка. 
 
Трчај бе ќе ве натера да почувствувате што значи да се придвижите и физички и духовно. 
 
Блескава промена е да истрчаш една трка и низ целта да поминеш со подигнати раце. 
 
Ние тоа ќе Ви го озвоможиме, за да почувствувате колку трчањето може да Ви го промени животот на подобро. 
 
Чест ни е да бидете Трчај бе тим со нас.
 
Се гледаме на стартот на трката на 15 септември.
 
Ова е линкот за пријавување доколку не сте се пријавиле досега:
 
 
Фото: Кети Талевска 
 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе