Европско првенство 2019

Белорусија не ја победи Турција, утре ќе се решава судбината на Македонија

Турција со 3-1 ја совлада селекцијата на Белорусија, Македонија утре ќе дознае дали ќе оди во осминафинале.

Македонија оствари две победи во групната фаза, посебно голема беше денешната против Словенија, но се уште не знаеме дали тоа ќе биде доволно за пласман во осминафиналето.
 
Постоеше можност вечерва да го дознаеме тоа, но тоа ќе се случеше ако Белорусија ја совладаше Труција, сепак ја немавме таа среќа.
 
Турците победија со 3-1 во сетови (25:21, 26:24, 20:25 и 25:19).
 
За ние да одиме во осминафинале Турција треба да победи и на утрешниот меч против Финска, тој натпревар се игра со почеток од 20:30 часот.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе