Голема трагедија

Белгиски велосипедист загина на трката околу Полска

Голема трагедија на трката околу Полска, животот го загуби 22 годишниот Бјорг Ламбрехт откако излетал од патот и удрлив во бетонски водоводни цевки.

Белгискиот велосипедист, Бјорг Ламбрехт го загуби животот на третата етапа од трката околу Белгија. Како што пишуваат медиумите, тој изгубил контрола на влажниот коловоз и со глава удрил во бетонски водоводни цевки. Веднаш бил пренесен во болница каде им подлегнал на повредите.

„Беше донесен во критична состојба и за жал почина за врема на операцијата“ – изјавил за медиумите портпаролот на болницата во Рибник.

Големата трагедија ја потврди и неговиот тим Лото Судал со кратка објава на социјалните мрежи.

„Најголемата трагедија која можеше да се случи на семејството, пријателите и тимските колеги на Бјорг се случи... Почивај во мир Бјорг...“ – гласеше постот на Твитер.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе