Тениската легенда се налути од начинот на кој беше третиран Србинот

Бекер со лекција за публиката на Вимблдон: Ѓоковиќ е великан, треба да имате поголема почит

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ и германска тениска легенда, Борис Бекер имаше замерки за публиката на Вимблдон и начинот на кој тие се однесуваа кон Србинот.

Синоќа во финалето на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер одиграа меч кој долго време ќе се раскажува. Љубителите на тенисот уживаа во пресметка на највиско ниво кое траеше пет часа а на крајот Србинот се радуваше на победа од 3-2 во сетови. 

Најголемиот дел од публиката на трибините (околу 15.000), беа на страната на Роџер Федерер. Но тие не само што го бодреа Швајцарецот, знаеа и да аплаудираат на грешките на Новак Ѓоковиќ па дури и го исвиркуваа Србинот во еден момент од последниот тензичен петти сет. 

Ова не му се допадна на Борис Бекер, кој пред неколку години му беше тренер на Новак Ѓоковиќ. 

„Ваквото однесување само дополнително го мотивираше Новак Ѓоковиќ да се бори во петтиот сет. Беше малку иритиран, упати неколку остри погледи кон публиката, но така тој функционира, така размислува“ – вели германската тениска легенда за БиБиСи. 

„Федерер е најголемиот на Вимблдон и заслужил да биде обожаван од сите, но од друга страна морате да го почитувате малку повеќе Новак Ѓоковиќ кој имаше четири титули пред финалето“. 

„Се надевам дека следната година, доколку повторно играат еден против друг, ќе биде поизедначено на трибините. Новак дојде на забава која требаше да биде забава на Роџер и Рафа и на крајот им ја расипа забавата“. 

„Сега, после 16 грен слем титули, луѓето треба да се освестат дека Ѓоковиќ е великан“.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе