Во колумна за Дејли мејл

Бекер: Новак е пред тешка одлука, не знам што ќе избере

Во колумна во Дејли мејл се огласи Борис Бекер, поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ.

Германскиот стручњак пишува за случувањата на Австралија опен, со посебен осврт на отсуството на светскиот рекет број еден, кој беше депортиран од Мелбурн ден пред почетокот на турнирот.

„Неиграњето на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен ја наруши динамиката на настаните, на истиот начин како што и неиграњето на Рафаел Надал би го променило Ролан Гарос. Одеднаш, играчите почнуваат да ги приспособуваат своите сништа и очекувања и можеби го видовме тоа и преку неочекуваниот пораз на Александар Зверев, еден од турнирските фаворити. Надал е тој што може да има најголема корист од сѐ бидејќи е во четврт-финалето“, почнува Бекер.

Тој смета дека Рафаел Надал и Ешли Барти се тие што би можеле да го обележат почетокот на сезоната.

„Освојувањето уште еден слем за Надал и долгоочекуваната титула за Барти од страна на домаќините, каков финишот на турнирот би било тоа, а можно е да се случи. Кој пред еден месец мислеше дека Шпанецот може со 21 титула да избие пред Ѓоковиќ и Федерер?“, додава Борис и потоа се осврнува на Новак и проблемите со кои тој се соочува.

„Тоа е уште една причина зошто пред Новак стои пред голема одлука. И без да си ги преиспита старите аргументи, тој ќе ги одмерува фактите дека сега на невакцинираните им е многу потешко да продолжат со нормалниот живот, а камоли да играат на меѓународни турнири. Искрено, не знам што ќе избере“, додава поранешниот број еден.

Бекер вели дека Надал бил импресивен во изминатиот дел од турнирот и дека најверојатно ќе има пречка во Медведев, на патот до титулата, иако не исклучува изненадувања.

„Секако, Надал ќе има тежок предизвик од страна на Медведев. Слабоста на Русинот сѐ уште е тоа што може да го изнервира публиката и некои реакции од трибините. Тоа се случи по мечот од второто коло со Кирјос и сакам да му честитам на Џим Куриер, кој го смири на теренот. Куриер има искуство, поминал сѐ, тоа беше постар дечко што му пренесува искуство на помлад. И додека и понатаму верувам дека би можеле да добиеме неочекуван победник во машкиот сингл, на Надал ќе му помогне искуството. Зверев направи голема грешка кога пред турнирот зборуваше за победа и за тоа како таа ќе го придвижи на првото место. Тоа го скрши во поразот од Денис Шаповалов“, заклучува Бекер.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе