Мото ГП

Бањаја прераснува во ѕвезда, Квартараро во шампион

Франческо Бањаја стигна и до втората победа во Мото ГП откако попладнево триумфираше во Мизано, Фабио Квартараро граби кон титулата со ново одлично издание и финиш на второто место.

Франческо Бањаја полека прераснува во ѕвезда, Италијанецот минатиот викенд водеше жестока битка со Марк Каркез во Арагон и стигна до својата прва победа во Мото ГП.

Возачот на Дукати овој викенд водеше од прв до последен круг во Мизано, во финишот одолеа на налетите на Фабио Квартараро и славеше пред домашната публика за втора победа.

Фабио Квартараро нема да биде многу разочаран, на врвот има 48 бода преднсот кога во игра се само уште 100 бода, па на Французинот полека му се насмевнува насловот шампион во Мото ГП.

Попладнево честитки одат и за рукито Енеа Бастианини, кој успеа да се избори за место на пиедесталот.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе