Серена Вилијамс целеше на уште еден грен слем трофеј, но го положи оружјето во полуфиналето против Азаренка иако имаше фантастичен старт на мечот.
Вилијамс го доби првиот сет со убедливи 6-1, се чинеше дека е на прав пат до финале, но Азаренка се крена, ги доби следните два сета со по 6-3 и дојде до победата.
Наоми Осака во тајбрејк го доби првиот сет со домашната тенисерка Брејди, 7-1 беше во тајбрејкот.
Брејди со 6-3 победи во вториот сет и изедначи на 1-1, фаворитката Осака не дозволи изненадување, третиот решавачки сет го доби со 6-3 за победа и финале.