Голема трагедија

Автомобилист почина среде трка во Кичево!

Автомобилистот Александар Кочевски почина за време на кружна трка во Кичево, добил срцев удар додека бил во авотомобилот.

Трагична вест од Кичево, 58-годишниот Александар Кочеевски денеска почина од срцев удар додека учествувал на кружна трка.
 
„Во последниот круг за нашиот драг колега Александар Кочевски (роден 1961), а круг за ладење на крајот на првиот дел од квалификациите за повеќето од другите возачи во конкуренцијата „Твинго Куп“, Кочевски поради срцев удар со смртни последици, како што не информира лекарскиот тим кој со сите сили се обиде да го реанимира Кочевски во ургентниот центар во Кичево, ја загубил контролата на возилото и бавно завршил во зелениот простор околу патеката.
Нашата екипа и судиите, заедно со медицинскиот тим, веднаш пристигнаа на лице место, Кочевски беше итно префрлен во Ургентниот центар во Кичево, каде по долга борба на целокупниот медицински персонал за негово реанимирање, беше констатирана неговата смрт.
 
Во овие тешки времиња за неговите најблиски, АКК Кастм Кар изразува сочувство на семејството, фамилијата и пријателите на починатиот Александар Кочевски.
 
Ние како клуб, изјавуваме дека ги преземавме сите стандарни мерки за организација на една трка, а местото, односно правецот по свиокот три, а пред свиокот четири на патеката во Кичево, не е место на кое може да се случи возачка грешка или организациски пропуст, кој би довел до ваков или сличен немил настан.
 
Колегите од „Твинго Куп“ нема да ја возат закажаната трка, но трките в недела во другите конкуренции ќе се одржат, а следните трки што ќе се одржат во нашата конкуренција, ќе бидат насловени „Ин Мемориам - Александар Кочевски“ во чест на нашиот драг колега.
 
Воедно, „Рено Спорт“ кој е организаторо на „Твинго Куп“, заедно со сите натпреварувачи учесници на трките, изразуваат длабоко сочувство до најблиските на Александар Кочевски, а нивната следна трка исто така ќе се вози во негова чест“, стои во соопштението на клубот АКК Кастм Кар Рејсинг и организаторот Рено Спорт.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе