Додека трае судската постапка

Австралиските власти побараа нов притвор за Новак Ѓоковиќ

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ се чини дека ќе мора да се врати во притвор додека трае постапката во судот по жалбата која ја поднесоа неговите адвокати. 

Министерот за имиграции, Алекс Хоук реши да му ја укине визата на Новак Ѓоковиќ и тој да биде депортиран од Австралија. Адвокатите на Ѓоковиќ веднаш поднесоа жалба до судот и конечната разврска треба да се случи најдоцна до недела.
 
Адвокатите на Ѓоковиќ побараа судот брзо да делува поради почетокот на Австралија опен кој е закажан за понеделник. Секое одложување би било губење драгоцено време.
 
Државниот правен застапник, Стивен Лојд кој присуствуваше на денешното рочиште, рече дека министерот нема да бара депортација додека не заврши судењето. Но побара Ѓоковиќ да се врати во притвор . Тој рече дека Новак треба да биде однесен во хотелот за мигранти и истакна дека таму има просторија каде можат да го посетат адвокатите и заедно да работат на случајот.
 
Адвокатот на Новак Ѓоковиќ, Ник Вуд рече дека ги имаат истите барања како и претходниот пат, да се укине одлуката за укинување на визата и Новак да биде ослободен. Тие барањето официјално ќе го поднесат вечерва до 22:15 часот по локално време.
 
Ѓоковиќ утре во 8 часот по локално време треба да биде сослушан во судот.
 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе