Авантуристичка трка полна со адреналин ќе се случува во Маврово

На 26 септември во Леуново, Маврово ќе се одржи трка со пешадиски препреки која станува сѐ повеќе популарен спорт во светот. 

За првпат во Македонија ќе се одржи трка со пешадиски препреки, скокање преку вертикални ѕидови, качување по јаже, ползење низ кал, носење вреќи со песок, гаѓање со копје, трчање низ плитки потоци, стрмнини...
 
Организаторот ветува многу адреналин, забава, болка, но и задоволство. Настанот ќе се случува во Националниот парк Маврово во селото Леуново.
 
Стартот на трката ќе биде на самата брана на Мавровското езеро во село Леуново, од каде што се упатува кон шумите на Националниот парк.
 
Можни се пријавувања во три категории, мажи (над 18 години), жени (над 18 години) и екипно (минимум 4 натпреварувачи во тим).
 
Пријавување и повеќе информации за овој возбудлив настан можете да најдете на овој ЛИНК.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе