Арбреша Реџепи нема да го носи знамето на Македонија, мора да оди во изолација

Арбреша Реџепи заедно со Дејан Георгиевски требаше да бидат двајцата кои ќе го носат знамето на Македонија на отварањето на Олимписките игри, но џудистката ќе мора да оди во изолација поради контакт со позитивно лице на ковид-19. 

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) од оваа олимпијада поради рамноправност на половите донесе правило од секоја земја да има по двајца знаменосци, спортист и спортистка.
 
Но, Арбреша Реџепи ќе мора да оди во изолација и нема да може да присуствува на свечената церемонија.
 
„Арбреша Реџепи заради близок контакт со заразен (позитивен случај) на ковид-19 е во делумна изолација и таа нема да може да присуствува на церемонијата на отварање на игрите.
Со самото тоа Арбреша Реџепи, заради правилата на ИОК, нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отварањето на Олимписките игри ТОКИО 2020. 
Сепак, таа со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК оди на тренинг и секако ќе има право да настапи на Олимпискиот џудо турнир на Олимписките игри ТОКИО 2020. 
Инаку Арбреша Реџепи во првото коло на Олимпискиот џудо турнир ќе се бори против Жил Челзи, од Велика Британија“, се вели во соопштението на Македонскиото олимписки комитет.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе