Олимписки игри

Арбреша Реџепи е ослободена од изолација, ќе го носи македонското знаме

Арбреша Реџепи сепак ќе го носи македонското знаме на денешното отворање на Летните олимписки игри во Токио откако беше ослободена од карантинот по само еден ден изолација. 

Македонската џудистка, Арбреша Реџепи на барање на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) морала да оди во изолација поради тоа што за време на летот од Франкфурт до Токио седела во близина на лице позитивно на ковид-19.
 
Таа веќе петти ден е во Токио, и направила пет теста за ковид-19, на сите нив била негативна, па добила зелено светло да се појави на денешното отворање на Олимписките игри.
 
Реџепи заедно со Дејан Георгиевски ќе ја имаат улогата на знаменосци на Македонија на отворањето на Олимписките игри кое започнува од 13 часот.
 
Таа својот прв настап на ОИ ќе го има на 25. јули во категоријата до 52 килограми, противник ќе ѝ биде Жил Челси од Бразил.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе