УС Опен

Андреску ја победи Серена и стана сензационална шампионка на УС Опен

Тинејџерката Бјанка Андреску е големо изненадување на УС Опен, таа преку искусната Серена Вилијамс дојде до својот прв грен слем трофеј во кариерата. 

19-годишната канадска тенисерка со романско потекло направи вистинска сензација со освојувањто на УС Опен откако во финалето ја победи Серена Вилијамс со 6-3 и 7-5.
 
Андреску има метеорски напредок оваа година откако сезоната ја стартуваше како 150. тенисерка во светот, а по победата на УС Опен ќе дојде на петтото место на ВТА ранг листата. Во меѓувреме му се најави на светот со освојувањето на Индијан Велс и Торонто, два престижни турнири.
 
Таа е првата тинејџерка која по 2006 година освоила Грен Слем турнир, тогаш тоа го направи Марија Шарапова исто така на УС Опен.
 
„Сонував за овој момент долго време. Тој сон да ми стане реалност е навистина лудо. Никогаш не сум мислела за тоа да бидам славна. Моите цели биле само да освојам колку што е можно повеќе Грен слем титули да бидам број еден тенисерка во светот. Но идеата да бидам славна никогаш не ми поминала во умот“, изјави Андреску по мечот.
 
На Андреску и честиташе и канадскиот премиер Џастин Трудо. Тој на својот твитер профил напиша: „Честитки Андреску! Направи историја и ја направи целата држава многу горда“.
 
Од УС Опен Андреску ќе си отиде побогата за 3,85 милиони долари, толку изнесува наградата за победничката на женскиот турнир.
 
Запрашана за паричната награда, Андреску рече: „Не ме прашувајте тоа, немам поим, никогаш во животот не сум имала толку пари“.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе