Ремек дело

Андреј Јосифовски го нацрта Новак Ѓоковиќ на тениски терен (ВИДЕО)

Познатиот архитект и уличен артист, Андреј Јосифовски од Белград кој има и македонско потекло, направи вистинско ремек дело откако на земјен тениски терен го нацрта ликот на Новак Ѓоковиќ. 

Во периодот кога најмногу му е потребна поддршка на Новак Ѓоковиќ, Андреј Јосифовски му направи неверојатен портрет. 
 
Тој на земјена подлога го исцрта ликот на славниот српски тенисер. Цртежот е долг 24 метри, а широк 11 метри.
 
„Новак е човек со посебен сјај. тој ги прикажува нашите сништа и е мотивација на секој нас кои сме од тука. Тешко може да се опише со зборови. Ќе го цитирам Срѓан Тимаров кој рече за Новак: „Сите вие кои немате дар да ја согледате неговата светлост, ќе останете таму во мракот во негова сенка“. Тоа е Ѓоковиќ“, изјави Андреј Јосифовски.
 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе