Лига на шампиони

Алушовски: Го анализиравме Спортинг, ќе се обидеме да најдеме игра за нив

Еурофарм Работник во недела ќе дебитира во Лигата на шампионите, во Битола ќе го пречека тимот на Спортинг од Лисабон.

Покрај Вардар оваа година во Лигата на шампионите Македонија ќе навива и за Еурофарм Работник. Битолскиот тим го завзема местото на Металург откако стана втор најдобар наш клуб.
 
Првиот натпревар на Еурофарм Работник е во недела со почеток од 17 часот, противник е Спортинг.
 
„Минатата сезона со организацијата на групната фаза на Лигата на шампионите, клубот ги положи сите тестови со највисоки оценки, верувам дека така ќе биде и сега. Ќе играме на стартот со најсилната екипа во групата, па потоа следат две гостувања. Го анализиравме Спортинг, играа четири официјални натпревари и забележаа четири победи. Ќе се обидеме да најдеме игра за нив и да ги изненадиме. Радосен сум што се врати Остроушко. Штета што доаѓа без натпреварувачки ритам, но сигурно ќе го користиме во текот на сезоната, а и очекувам да добие шанса уште в недела“, вели тренерот Стевче Алушовски.
 
Капитенот Гоце Ојлески верува дека можат да се носат со Спортинг.
 
„Голема чест е што сме дел од Лигата на шампионите и што се натрпеваруваме со најдобрите во Европа. Спортинг е фаворит, не само на овој натпревар, туку и во групата, но кај нас владее позитивна енергија, добро сме подготвени и можеме да го изненадиме Спортинг“, вели Ојлески.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе