Алпинистите, планинарите, спелеолозите апелираат за неправилностите во работењето на планинарската федерација

За македонските алпинисти актуелното раководство на Федерацијата на планинарските спортови (ФПСМ) е нелегално. Тие предупредуваат на бројните незаконитости при закажувањето на утрешното Собрание на федерацијата.

Македонската алпинистичка федерација соопштува дека дел од нелегалната раководна структура на ФПСМ селективно до некои клубови испратиле допис со покана за учество на утрешното изборно собрание, што претставува обид за најфлагрантно кршење на статутот, а со тоа и на законите во Република Македонија.

„Со ова се сака да се спроведе еден вид легализација на сите нечесни постапки кои во изминатиот неколкугодишен период беа спроведени од дел од раководството на ФПСМ. Мандатот на претседателот на ФПСМ е истечен уште во јуни 2013 година, а веќе неколку години не е свикано Собрание, согласно статутарните обврски на организацијата. Затоа, сметаме дека секоја постапка што се презема во вакви околности сама по себе претставува кршење на актите за работа на ФПСМ и на законите во Република Македонија“, соопшти МАФ.

Алпинистите се обраќаат до припадниците на сите планинарски спортови - планинари, алпинисти, спортски качувачи, ориентацисти, спелеолози на кои не им се познати одредени многу важни моменти од работењето на ФПСМ во изминатите неколку години, да се информираат и заедно да се обидат на статутарен и законит начин да ја креираат иднината на ФПСМ која им припаѓа на сите планинарски спортови.

МАФ во писмото вели дека ФПСМ е претворена во лична своина на неколкумина, кои со последниов чин, покажуваат дека веќе одамна престанале да ги почитуваат статутот и законите.

За утре е закажано изборното Собрание, а тоа, според МАФ е направено на сосема нелегален начин и се прави обид за фалсификат.

МАФ се сомнева во продажбата на домот Илинка на Попова Шапка (повеќе од 30.000 евра без логично објаснување каде завршија средствата), сомнителни биле и давањето концесија за домот на Средно Водно и размената на просториите на ФПСМ во Даре Џамбаз...

Алпинистите ги повикуваат сите поединци, планинари, љубители на планината и планинарските спортови и новинарите утре во 10 часот да дојдат пред влезот во домот Даре Џамбаз во Скопје за да го „зачуваме достоинството и легитимитетот на националната организација на планинарските спортови“.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе