АТП Мадрид

Алкараз за еден час го совлада Зверев и го освои турнирот во Мадрид

Шпанската тениска сензација, Карлос Алкараз се прошета во финалето против Александер Зверев, го победи лесно со 2-0 во сетови и го освои мастерсот во Мадрид. 

Карлос Алкараз кон неодамна наполни 19 години во моментов според играта е најдобар тенисер во светот. Тоа му го признаа постарите колеги.
 
На турнирот во Мадрид пред да стигне до финалето ги победи Надал и Ѓоковиќ, а денеска немаше проблем со Зверев па лесно го освои трофејот.
 
Алкараз првиот сет го доби со 6-3, вториот со 6-1, за еден час го победи Зверев.
 
Доколку продолжи да игра вака, без поголеми падови во формата, пред Алкараз е блескава тениска кариера.
 
Интересно ќе биде да се види неговиот настап на Ролан Гарос, каде целта сигурно ќе му биде да го освои својот прв грен-слем турнир.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе