УС Опен

Алкараз го освои УС Опен и стана најмладиот тенисер кој станал рекет број еден во светот

Шпанската тениска сензација, Карлос Алкараз со 3-1 (6-4, 2-6, 7-6, 6-3) во сетови го победи Каспер Руд и го освои УС Опен, а се качи и на првото место на АТП ранг листата. 

На Карлос Алкараз му се предвидува голема кариера, 19-годишниот тенисер го освои својот прв грен-слем турнир откако во финалето на УС Опен го совлада Каспер Руд.
 
Алкараз добро го почна мечот со 6-4 во првиот сет, но вториот го добу Руд со убедливи 6-2 и изедначи на 1-1.
 
Сепак, Алкараз повторно се крена, ги доби наредните два со 7-6 и 6-3 и дојде до својот најголем успех во кариерата.
 
Покрај освоениот УС Опен, Алкараз се качи на првото место на АТП листата со што стана најмладиот во историјата кој станал рекет број еден во светот.
 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе