Тениски атракции во Скопје во јуни и јули

„Аџибадем Систина“ повторно златен спонзор на трите меѓународни турнири

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и годинава е златен спонзор на меѓународни тениски турнири кои ќе се одржат ова лето во Скопје на терените на Тенискиот клуб „Југ“ во организација на Тениската федерација на Македонија. Следува богата тениска програма и во тековниот и во следниот месец, а докажани тенисери од цел свет доаѓаат овде. Како еден од златните спонзори, „Аџибадем Систина“ ќе обезбеди доктори физиотерапевти кои ќе бидат ангажирани да се грижат за тенисерите и за нивното здравје во текот на сите натпревари. Инаку, Тениската федерација најавува во јуни и во јули три важни меѓународни турнири и во машка и во женска селекција, сите под спонзорство и на „Аџибадем Систина“.

 

Од 6 до 12 јуни ќе се одржи машки турнир, дел од ИТФ Светски турнир во тенис (World Tennis Tour) или „Скопје опен 2022“ чиј награден фонд е 25.000 долари. Во Скопје доаѓаат тенисери од Шпанија, Холандија, Бразил, Шведска, Израел, Германија... Од македонските играчи, меѓу другите, се пријавени: Горазд Србљак, Стефан Мицов, Калин Ивановски и Обрад Марковски.

Вториот турнир од ИТФ Светски турнир (World tour) e исто така машки и се одржува од 13 до 19 јуни, повторно на терените на ТК „Југ“. Ова натпреварување е со награден фонд од 15.000 евра.

Били Џин Кинг купот од страна на Парибас Европа/Африка за третата група, пак, е екипно натпреварување во тенис за жени кое првпат ќе се организира во нашата земја. Се одржува во периодот од 4 до 10 јули, а на овој куп ќе учествуваат репрезентации од земјава, Ирска, Малта, Португалија, Косово, Исланд, Албанија, Јужна Африка, Кенија, Намибија, Конго, Уганда, Боцвана, Бурунди, Сејшели и Судан. Планирано е да бидат присутни од 85 до 110 учесници меѓу кои и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“, како општествено одговорна компанија, и во минатото и сега демонстрира голема свесност и е голем поддржувач на спортските натпревари. Спортскиот дух е најважен во одржувањето на здравјето. Деновиве се одбележа и првиот роденден на Премиум центарот за физикална медицина и здрав живот, со чие отворање болницата ги унапреди својот квалитет и залагања за здравјето на граѓаните. „Аџибадем Систина“ и во иднина ќе остане промотор и поддржувач на спортистите и на здравјето од секој аспект.

Комерцијален текст

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе