Австралиските власти најпрво му дадоа виза за влез во земјата на Новак Ѓоковиќ, а потоа се предомислија и решија да го вратат. Тој поднесе жалба откако му е укинаа визата и судот во понеделник треба да реши дали ќе ја прифати.
Адвокатите на Новак Ѓоковиќ во жалбата наведоа дека на српскиот тенисер му е одобрена привремена виза за престој во Австралија откако добил медицинско изземање од Тениската федерација на Австралија бидејќи неодамна бил заразен.
„Датумот на првиот позитивен тест бил на 16. декември“, пренесуваат српските медиуми.
Во документите се наведува дака 14 дена отогаш српскиот тенисер немал температури ниту било какви други симптоми.
На тој основ две независни стручни комисии дале зелено светло Новак Ѓоковиќ да добие медицинско изземање за влез во Австралија.
На 1. јануари му било потврдено на Ѓоковиќ дека може да патува во Австралија.
Но, откако стигна таму, австралиските власти му соопштија дека претходна инфекција не е доволен основ за добивање на медицинско изземање.
Судот во Австралија ќе го има последниот збор и во понеделник ќе се знае дали Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен или ќе се врати дома.