Во пресрет на Изборното собрание на МОК

18 федерации најавија тужби: Тупурковски и Поповски го сфаќаат олимпиското движење како приватна забава и фамилијарен бизнис

Во пресрет на Изборното собрание на Македонскиот олимписки комитет се случува вистинска бура откако кандидатката за претседателка Александра Војеска Зикова беше елиминирана од трката на 24 часа пред почетокот на настанот. 

Македонија за прв пат ќе добие нов претседател на Олимпискиот комитет, оваа функција од 1992 година па досега ја извршуваше Васил Тупурковски. Изборното собрание треба да се случи денеска со почеток од 18 часот, но нему му претходи голема поделба меѓу спортските федерации креирана од низата скандали.
 
Сомнеж во регуларноста на собранието фрла одлуката на УО на ден пред гласањето да се поништи кандидатурата на Александра Војнеска Зикова со образложение дека кандидатот треба да има најмалку стаж од четири години на раководна функција на македонска спортска организација.Таа една година е на чело на Атлетската федерација на Македонија, но претходно четири години беше на потпретседателската функција на истата федерација.
 
Тоа е и главната причина поради која 18 спортски федерации предводени од Атлетската, Боречката и Боксерската излегоа со соопштение во кое најавија и тужби до претседателот на МОК, Васил Тупурковски и генералниот секретар Сашо Поповски. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
 
„Првите луѓе на Олимпискиот Комитет Васил Топурковси и генералниот секретар Сашо Попоски уште еднаш покажаа дека олимпиското движење го сфаќаат како нивна приватна забава и фамилијарен бизнис, рушејќи ги сите начела на олимпизмот со недозволување на демократија, јавност во работењето и нормално спортско функционирање.
 
Ние, како спортски федерации од олимписките спортови во Македонија, веќе неколку години се бориме за да се смени овој начин на функционирање на Олимпискиот Комитет, а случувањата од последниве неколку дена уште еднаш ни потврдуваат дека нашата борба е оправдана.
 
Ние само бараме коректно изборно собрание по сите законски норми, без сопки и игранки од секретарот Поповски. А во духот на олимпизот нека победи подобриот.
 
Прекршувања на Статутот, злоупотреба на законите, но и заобиколување на олимписките начела има многу, но ќе наведеме само неколку
 
Прво, Управниот одбор самостојно презема ингеренции на Собранието и се стави над него како највисок орган, со донесување на ограничувачки и дискриминаторски критериуми при кандидирање што е незаконски и не е предвидено во Статутот.

Второ, затоа што се прифаќа како делегат во Собрание претставник на непостоечка пливачка федерација, а не се прифаќа претставник од законската федерација, која е запишана во Централниот регистар.

Трето, на чуден начин на 24 часа пред одржувањето на Собранието, нестатутарно е доведена во прашање кандитурата на еден од кандидатите, со што е направено грубо прекршување на изборниот процес.

Четврто, од страна на Олимпискиот Комитет се испраќаат полномоштва до Федерациите, за тоа кој треба да биде делегат од Националната федерација, наместо Федерациите кои се членови на Собранието сами да си го определат претставникот.
 
Заради сите овие прекршувања и злоупотреби и нашите очекувања тие да продолжат и на денешното Собрание, а изборот да се претвори во фарса креирана од Тупурковски и Поповски, сакаме да ги предупредиме дека нема да го толерираме тоа и ќе бидиме принудени да поднесеме кривични пријави за злоупотреба на службена положба и фалсикување“, се вели во соопштението.

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе