17. Аматерски хуманитарен велеслалом во Маврово, оваа година за топол оброк и храна

И оваа година како што налага традицијата, по 17. пат ќе се одржи Аматерскиот хуманитарен велеслалом во Маврово со цел да се помогне некому на кого му е потребна хуманост.

Оваа година настанот ќе има освен хуман и забавен карактер, а повеќе околу тоа ќе ни раскаже Петар Младенов, еден од организаторите на настанот.
 
Петар, која е приказната зад овој настан?
 
Првиот аматерски хуманитарен натпревар во велеслалом се оддржа од 7 до 9 март 2003. Натпреварот се одржа на ски- лифтот „Галички“, во дисциплините паралелен велеслалом и велеслалом. Бројот на тимови изнесуваше 35 со повеќе од 100 учесници.
 
Оваа година ќе се одржи од 15.02 до 17.02.2019, а овој пат скијаме „ЗА ТОПЛА ОБЛЕКА И ХРАНА”, односно парите од фирмите ќе бидат донирани во НВО „Светулка Нора”, учесник и партнер на граѓанска инцијатива Ретвитни Оброк. Минатата година средствата собрани од настанот беа адресирани до здружението „Среќа“. Целта  на овој настан е да се дружат и вмрежуваат и вработените од различните компании, да скијаат и да се забавуваат, а сето тоа на крајот да има оправдана и хумана цел.
 
 
Оваа година за каква цел се собраните средства?
 
Сите пари собрани од пријавените тимови ќе бидат употребени за обнова и надградба на кујната во која се готви, логистика и снабдување ресурси за оброци да се додели оброк за оние кои немаат средства да си го овозможат тоа секојдневно. Исто така, ќе се изготват зимски пакети (ранец со топла облека и витамини) за оние на кои им е потребно да не премрзнуваат во ладните зимски денови.
 
Дали веќе има пријавено компании?
 
Уф... секоја година имаме компании кои настанот го гледат како свој, само нестрпливо чекаат да се објави датумот и да ги пријават своите тимови. Имаме и нови компании кои веќе се пријавени па го користат престојниот викенд за припреми на ски стазата на која ќе биде поставена ски трката. 
 
Морам за крај да додадам дека овој настан оваа година инспирираше слична иницијатива, каде што Ротари Клубот „Камен мост - Скопје” од 7-10 Февруари организираше меѓународен хуманитарен велеслалом во скијачкиот центар Маврово при што донациите ќе бидат искористени за поддршка на единствениот ученик во Маврово.
 
За сите што сакаат да учествуваат во 17тиот по ред АХВМ може да најдат повеќе информации на овој линк: http://skimavrovo.com/node/24
 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе