ЗОИ 2018

15 годишната Загитова ѝ го донесе првото злато на Русија во Пјонгчанг

Русија се израдува на првото злато на Зимските Олимписки игри откако утрово супер талентираната Алина Загитова триумфираше во индивидуална конкуренција во уметничко лизгање

Алина Загитова, која има само 15 години, уште пред неколку дена најави сензација во Пјонгчанг кога во кратката програма постави светски рекорд од 82.92 бодови.

Таа денеска одново воодушеви во слободниот танц каде доби 156.65 бодови и со вкупни 239.57 бодови стигна до златото пред сонародничката Евгенија Медведева.

18 годишната Евгенија Медведева до пред неколку месеци беше прв фаворит откако изминативе две години доминираше на мразот, но таа имаше голем пех во октомври кога ја скрши ногата. Бронзата ја освои Кејтлин Осмонд од Канада.

Со овој успех, Алина Загитова стана најмладиот освојувач на златен медал во Пјонгчанг, и вториот најмлад освојувач во историјата на Зимските Олимписки игри зад Тара Липински која во 1998 исто така стигна до злато со 15 години.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе