Австралија Опен

15-годишната Гоф ја исфрли и актуелната шампионка Наоми Осака !

Младата американска тенисерка, Кори Гоф направи уште една сензација откако ја совлада минатогодишната шампионка на Австралија Опен, Наоми Осака со 2-0 во сетови. 

Гоф имаше фантастично отварање на турнирот откако во првото коло ја елиминираше Венус Вилијамс, а дека поседува огромен талент покажа и денеска.
 
Таа ја исфрли Осака која важеше за една од фаворитките за освојување на Австралија Опен. Гоф го доби мечот со 6-3 и 6-4.
 
„Веројатно утре ќе ја пишувам домашната задача бидејќи вечерва сакам да спијам. Наставниците ми даваат време поради настаните што се случуваат, па убаво е тоа од нив“, изјави Гоф по мечот.
 
Противник во осминафиналето ќе и биде победничката од мечот меѓу Жанг и Кенин.
 
„Не ми е гајле со кого ќе играм во следното коло. Веројатно ќе спијам бидејќи тие играат доцна“.
 
„Не ми се верува во ова што го правам. Не знам од каде доаѓа. Искрено. Пред две години изгубив во првото коло во јуниори, а сега сум тука. Во еден период си велев продолжи да се бориш никогаш не знаеш што може да се случи“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе