10 години од искачувањето на Монт Еверест, презентација на Кедев „На врвот на светот и потоа“

Сашко Кедев е третиот Македонец што, пред 10 години, на 19 мај 2009 година, го искачи највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 метри). Кедев е и единствениот Македонец што ги има искачено највисоките врвови на сите седум континенти.

„Сите сакаме да ја најдеме вистината. Патот до вистината е долг, неизвесен и полн со ризици, без кратенки. Но на крајот кога ќе ја најдеме, разбираме дека не можеме да го избегнеме страдањето“, вели Кедев.

По повод 10-те години од искачувањето на Монт Еверест, на 28 мај во малата сала на Македонската филхармонија, ќе одржи презентација на книгата на Кедев насловена „На врвот на светот и потоа“.

Пред Кедев, на Монт Еверест се искачиле и Димитар Илиевски-Мурато во 1989 и Глигор Делев во 2007 година.

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе