Челенџер - мобилна апликација која те наградува додека пешачиш и трчаш

Веќе е лансирана македонската мобилна апликација Челенџер (Challenger) која ги наградува корисниците кои пешачат, трачаат и планинарат, и истата има за цел да ја подигне свеста за аерозагадувањето како и да учествува во намалување на истото.

Со Челенџер, секој поминат зелен километар носи поени, кои потоа може да се заменат за попусти во локални бизниси. Исто така, со исполнување на зададени предизвици се добиваат и директни награди. Колку повеќе километри, толку повеќе Челенџер поени кои носат попусти и награди.

„Идејата е да се натпреваруваме, меѓусебно да се мотивираме и да ги намалуваме CO2 емисиите во воздухот, а најважно е дека при овој процес создаваме нови локални супер еко херои. Challenger им помага на луѓето преку визуализација на намалени CO2 eмисии, да согледаат како секоја мала активност го подобрува општеството. Со оваа апликација создаваме група на луѓе и бизниси кои меѓусебно се поддржуваат, инспирираат и натпреваруваат со цел да станат општествено одговорни", изјавуаат од тимот.

Оваа апликација која е креирана од млади луѓе, во пресрет на зимата, ќе помогне секој нејзин корисник да се придружи на борбата за почист воздух. Наскоро, на оваа апликација ќе се наградуваат и километрите поминати на велосипед.

Мобилната апликација е бесплатна и достапна за сите корисници на Android и iOS .

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе