Блескава 2019-та во бодибилдингот

Брачната двојка Зафирови за половина година освои 15 пехари, меѓу нив и злато

За шест месеци освоија 15 пехари, тој 4, а таа 11. Но не ги двојат. Медалите на познатата брачна двојка Зафирови во нивниот дом стојат заедно на едно место, исто како што и Тоше и Габриела се заедно и поддршка еден на друг на секој спортски натпревар. Секој нивен успех е заеднички успех, за нив двајца, но и за нивните две деца. Оваа 2019-та за нив до сега, на половина од годината е повеќе од успешна.

Вложија труд, беа трпеливи, дисциплинирани, а дома се вратија со многу признанија и награди. Скромни, но ценејќи го својот труд Зафирови велат дека заедно со децата се најдобриот тим на светот, а тоа го покажуваат и нивните успеси.

Тоше Зафиров во 2019 освои прво место во Будимпешта, второ место во Словенија, четврто место на натпреварот Европа ПРО и шесто место на натпреварот министер универзум ПРО. Неговата сопруга Габриела Зафирова освои прво место на натпреварот во фитнес модел во Будимпешта, второ место во Словенија, второ место во категоријата спорт модел, трето место како бикини модел и уште неколку други награди.

За само еден месец тие имаа четири натпревари, извозеа повеќе под 10.000 километри, се соочија со тешки подготовки, подготвена храна за секое патување, пат со часови, но успеаја да ги надминат сите тешкотии и се вратија дома горди со себе, со сите нивни успеси, горди со секој нивен настап на кој го вееја македонското знаме.

Велат во животот нема ништо лесно, а уште повеќе кога се работи за спортските успеси и убавиот изглед. Но, Зафирови со многу љубов, визија, искрен пристап, со чиста и јасна цел, со меѓусебна поддршка полека но сигурно ги постигнуваат своите цели.

„Подготовките се доста тешки, но ништо никогаш не е невозможно. Активни сме доста со многу натпревари за кои треба многу физичка и психичка подготовка. Бодибилдингот бара дисциплина и многу посветеност, но со неизмерната поддршка што ја имам од мојата сопруга Габриела, децата, мојата мајка, и други членови на семејството сè е можно", вели еден од најпознатите македонски бодибилдери, Зафиров.

Брачната двојка Зафирови продолжува со нови натпревари, овојпат на светско ниво, но за нив одлуките и подготовките дополнително ќе следуваат.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе