По освоените 15 пехари, нов успех за Габи и Тоше

Брачната двојка Зафирови освои бронза во Будимпешта

Габриела и Тоше Зафирови, брачната бодибилдерска двојка освоија трето место на натпреварот во Унгарија. Во многу силна конкуренција на IBFF PRO -HUNGARY 2019, Предатор куп за боди билдинг кој се одржа во Будимпешта, а кој носи и квалификација за светското првенство, Зафирова успеа да се пласира во топ 3 и да освои бронзен медал. Трето место освои и Зафиров кој настапи во „Професионалци" каде успеа да влезе во финале и да се закити со бронзен медал.

Еден од најпознатите мекедонски бодибилдери Зафиров вели дека достојно ја претставиле нашата држава и дека можеби не се најдобри, но знаат да ја претстават Македонија во најдобро светло.

Неговата сопруга го потврди веќе загарантираното учество на Светското првенство во Словенија.

Оваа брачна двојка пред овој натпревар, за шест месеци освои 15 пехари, Зафиров 4, а Зафирова 11. Но, не ги двојат. Медалите на познатата брачна двојка Зафирови во нивниот дом стојат заедно на едно место, исто како што и Тоше и Габриела се заедно и поддршка еден на друг на секој спортски натпревар.

Секој нивен успех е заеднички успех, за нив двајца, но и за нивните две деца. 

Место во плакарот ќе најдат и за новите бронзени пехари кој ќе сведочат за макотрпните и долги подготовки, тренинзи и режими на исхрана. 

Успешни продолжуваат понатаму и велат дека подготовките се тешки, но не се опишува чувството кога ги гледаш своите успеси во пехари и гордо ќе застанеш на сцена. 

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе