Eвроинс осигурување стана официјален покровител на ракометниот камп Кирил Лазаров-7

Спонзор на Ракометниот камп Кирил Лазаров 7 стана компанијата Евроинс осигурување која обезбедува осигурување за сите учесници во летниот камп на македонската ракометна икона.

„Договорот со ракометниот камп Кирил Лазаров 7 е одличен проект, кој треба позитивно да влијае во регионот, каде што ракометот се наоѓа во експанзија. На овој начин, Евроинс осигурување потврдува дека останува приврзан кон спортот во Македонија, како компанија која веќе подолго време го поддржува и професионалниот, но и аматерскиот спорт. Спортувањето е начин за водење здрав живот кој треба да им се пренесе на младите и токму затоа со гордост го поддржуваме овој проект. Ова е наша прва соработка, но знаеме како се трасира патот на успехот, така што сме сигурни дека и во иднина заеднички ќе соработуваме на уште многу проекти“, изјави Ралица Губерова, извршен директор на Евроинс осигурување.

Кампот на Кирил Лазаров, најдобриот десен бек во светот, ќе се одржи од 22 до 28 јуни во Охрид. Евроинс за кампот стави на располагање и три брендирани возила од гамата на Мазда, преку застапникот Стар Моторс.

„Презадоволен сум од тоа што успеавме да започнеме соработка со компанија како Евроинс осигурување. Ова е уште една потврда за амбициозноста на нашиот проект, а со самото тоа што, покрај планираните активности, сите учесници на кампот ќе добијат и осигурување, е доказ за тоа дека се грижиме за учесниците на најдобар можен начин. Инаку, со создавањето на база од млади ракометари, всушност, ја градиме македонската иднина во ракометот, но и во спортот, воопшто“, изјави Лазаров.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе