вторник, 16 април 2024

Во Струмица седумчлена банда извршила 10 кражби

СВР Струмица поднесе кривична пријава против седум лица, М.А. (24), З.Х. (53), О.М. (25), М.Д. (34), Е.Ш. (40), А.Ш. (42) и М.К. (25), сите од Струмица, поради сомневање за сторени десет кривични дела „злосторничко здружување“, „тешка кражба“ и „помагање“.

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот од 11 декември минатата година до 17 март годинава на подрачјето на Општина Струмица и пошироко, пријавените извршиле 10 кривични дела „тешка кражба“, а украдените предмети ги продавале како старо железо, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ