„Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие. Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот, информираат од АМСМ. Конкретно, Регионалниот ЦУК Штип информира дека на патните правци Брана Калиманци – граничен премин кон Република Бугарија, Македонска Каменица – Рудник „Саса“ и на патниот правец Делчево – Пехчево, коловозите се влажни и има ситни одрони при што се препорачува внимателно возење“, велат од ЦУК.
Aко возите накај Бугарија може да налетате на камења
На повеќе патни правци утрово се вози по влажни коловози, а на места има и ситни одрони и камења, а ообено на патот од Калиманци кон Бугарија, велат од Центарот за управување со кризи – ЦУК.
Фото: ЈП за државни патишта
Објавено на
часот