среда, 1 мај 2024

Парламентот на Грузија го усвои законот за „странски агенти“

Грузискиот парламент го одобри денес во второто читање предлог законот за „странски агенти“, предложената мерка која предизвика протести во земјата, јавуваат грузиските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нацрт законот предвидува организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од средствата од странство да бидат регистрирани како „странски агенти“ или ќе се соочат со парични казни, пишува Ројтерс.

„Вкупно 83 гласа за и 23 против. Предлог законот е усвоен во второто читање“, кажа претседателот на парламентот Шалва Папуашвили.

Контроверзниот нацрт закон кој предизвика протести во Грузија настојува да го ограничи влијанието на субјектите кои примаат пари од странство.

Нацртот првично беше упатен во парламентот во февруари 2023, но беше повлечен следниот месец поради бранот протести и притисоците од западните земји.

По ревизијата, нацрт законот го замени изразот „агент на странско влијание“ со „организација која промовира интереси на странска сила“, додека остатокот од содржината на законот остана иста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ