вторник, 16 април 2024

Олимпискиот оган запален во древната Олимпија, тргна кон Париз (ВИДЕО)

Денеска на свечена церемонија во античка Олимпија беше запален олимпискиот оган кој тргна кон Париз каде оваа година ќе се одржат Олимписките игри.

Објавено на

часот

Сподели

На античкиот стадион во Олимпија пред неколку илјади лица се одржа свечена церемонија на која беше запален олимпискиот оган.

Специјални гости беа претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах и првиот човек на Олимписките игри во Париз, Тони Естанж.

По нивниот говор, грчката актерка Мари Мина го запали пламенот, а честа прв да го понесе факелот ја имаше олимпискиот шампион во веслање од Токио, Стефанос Дускос. Потоа тој го предаде факелот на француската пливачка Лора Манаду, олиписка шампионка од Атина 2004 година.

Факелот ќе патува 11 дена низ Грција, а потоа ќе биде испратен до Марсеј, во Париз треба да пристигна не церемонијата на свечено отворање на Олимписките игри кои започнуваат на 26. јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ