сабота, 20 април 2024

Маж се самозапали пред судницата во Њујорк каде му се суди на Трамп (ВИДЕО)

Маж се самозапали пред судницата во Њујорк каде што трае судењето за поткуп на Доналд Трамп, односно купување на молкот на поранешната порно ѕвезда, изјавија очевидци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сведок на местото на настанот изјави дека прво слушнал како маж фрла летоци во воздух, кога видел дека се потурил од конзерва и се запалил. „Во тој момент си реков: По ѓаволите, што ќе видам?“, изјави сведок за Ројтерс.

Сведокот, кој се претстави како Дејв, рече дека човекот горел неколку минути.

„Гледам целосно јагленосано човечко суштество“, рече репортерот на Си-ен-ен во етерот.

Работник од брза помош изјави дека лицето било однесено на носилки по самозапалувањето. Причината за овој инцидент не е позната.

Полицијата брзо го опколи местото на инцидентот. Во близина бил видлив памфлет кој укажува на „злобните милијардери“ и ги повикува луѓето да ја „откријат корупцијата“. Во делот од флаерот што го виделе сведоците не се споменува Трамп.

Судницата на Менхетен, која е силно обезбедувана од полиција, привлече голем број демонстранти и посматрачи во понеделникот, првиот ден од судењето, иако толпата оттогаш се намали.

Дејв, првиот сведок, изјави за Ројтерс дека неколку поддржувачи на Трамп надвор од судницата се разотишле кога мажот се самозапалил. Сведокот зборуваше додека се тресеше и рече дека е во шок.

Шокантниот развој дојде откако беше завршен изборот на поротата за судењето, отворајќи го патот за обвинителите и бранителите да дадат воведни изјави следната недела во случајот за обид за поткуп на порно ѕвездата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ