петок, 29 март 2024

Мицкоски: Седењето дома на изборите е глас за оние што ја уназадија Македонија

Денеска праќаме јасна и недвосмислена порака да се излезе и да се гласа на претстојните избори затоа што седењето дома е глас за оние  што речи си седум години не направија ништо, напротив, за однесоа македонија наназад, изјви лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по потпишувањето на Повелбата за стратешко коалицирање наречена „Твоја Македонија“.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се фокусирани на позитивна кампања за разлика од власта, која, како што рече тој, е фокусирана на негативна, црна кампања.

„Сакаме пред граѓаните да излеземе со понуда и со решенија за проблемите што секојдневно ги чувствуваат. Конечно сакаме да ја вратиме надежта дека може да биде и поинаку и дека не се сите политичари и политики исти“, рече Мицкоски.

Прашан како ја оценува работата на сѐ уште актуелните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски одговори дека секогаш може подобро, но дека овој состав покажал вонсериска и вонредна цврстина.

„Задоволен сум од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од овој пратенички состав затоа што покажаа карактер и јасна обединестост, нешто што досега не беше видено на македонската политичка сцена. Покажаа вонсериска и вонредна цврстина. Беа конструктивни кога требаше да бидат, ги штитеа интересите на граѓаните и државата кога требаше да ги штитат. Ценам дека идните пратеници ќе покажат како е, не само во опозиција, туку и како мнозинство, обединети, сложни и заедно да поддржат еден реформски процес  во кој Македонија ќе биде трансормирана онака како што сакаше мојата, вашата, нашата генерација да ја види“, рече Мицкоски.

На денешната прес конференција ѝ претходеше потпишување на Повелбата за стратешко коалицирање наречена „Твоја Македонија“.

„Коалицијата ‘Твоја Македонија’ се обврзува дека целосно и недвосмислено ќе се води од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување. Обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите – членки на коалицијата. Недвосмислена и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш носечки предизвик. Се обврзуваме дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираме и ќе поддржиме акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт. Се обврзуваме дека ќе генерираме нови политики во функција на финансирање на изградба на меѓународните и локалните патишта, железничките коридори, електраните, гасоводните системи, далноводите, училиштата, болниците како и други инфраструктурни проекти“, рече Мицкоски по потпишувањето на Повелбата.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ е најбројната досега и е составена од 24 политички партии и други различни организации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ