среда, 24 април 2024

Ким Јо Џонг: Ќе изградиме супериорна воена сила

Ким Јо Џонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, рече дека земјата ќе продолжи да гради супериорна и најјака воена сила за да го заштити својот суверенитет и регионален мир, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ким рече дека серијата воени вежби на американската војска во регионот оваа година, почнувајќи со вежбите кои ги спроведува со „јужнокорејските марионетски воени гангстери“, опасно ја нарушуваат регионалната безбедносна средина.

„Ќе продолжиме да ја градиме најголемата и најмоќната воена сила за заштита на нашиот суверенитет, безбедност и регионален мир“, ја цитираше КЦНА нејзината изјава.

Војските на САД и Јужна Кореја во последните месеци спроведоа серија големи и интензивни вежби, а лидерите на двете земји ветија дека ќе ја подобрат борбената готовност против воените закани од Северна Кореја.

Околу 100 воени авиони извршија двонеделни воздушни вежби овој месец, соопшти јужнокорејската војска.

Северна Кореја вели дека американските воени вежби се подготовка за нуклеарна војна против неа. Вашингтон и Сеул велат дека вежбите имаат одбранбен карактер и се спроведуваат редовно за да се одржи подготвеноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ