Апасиев вели дека вербата во левичарската кауза ја поттикнува решителноста уште поборбено да се тргне кон значајни промени, кон пофер, попрaвично и порамноправно општество за народот.
„Борбата која ни претстои не сме наивни да веруваме дека ќе биде лесна. Напротив, свесни сме дека ќе биде сериозен предизвик. Сепак, со вашата континуирана поддршка убеден сум дека можеме да дојдеме до уште подобри резултати кои ќе значат надеж, но и можна поубава иднина дома, во Македонија.
Дека најголема закана за системот се чесните граѓани организирани во борбена работничка Партија, кои се спремни да бидат над матрицата на клиентелизмот и личниот интерес понуден од ‘змијата’ (СДС) или ‘магарето’ (ДПМНЕ).
Дека токму тие луѓе исфрлија шест нечесни и на нивно место донесоа шест чесни народни пратеници, а разликата допрва ќе ја сведочиме.
Со Левица, нема веќе инфериорни Македонци во сопствената држава“, вели меѓу другото Апасиев.