вторник, 19 март 2024

Фенербахче се заканува со напуштање на турското првенство

Собранието на турскиот гигант, Фенербахче закажа седница за 2. април на која ќе го разгледува евентуалното истапување од домашната лига.

Објавено на

часот

Сподели

Причината е големиот хаос кој се случи по мечот против Трабзон кога домашни навивачи влегоа на теренот и ги нападнаа фудбалерите на Фенербахче.

Полицијата соопшти дека уапсила 12 луѓе, но таа бројка може да се зголемува во текот на наредните денови.

Иако никој не верува во такво сценарио, Фенербахче закажа клупски состанок за евентуално излегување од лигата.

Тие во моментов се на второто место на табелата со само два бода зад лидерот Галатасарај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ