петок, 29 март 2024

Лани во Дубаи мол влегле рекордни 105 милиони луѓе

Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Објавено на

часот

Сподели

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

„Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност“, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ