среда, 24 април 2024
Револтот продолжува

Доктор Беќаровски: Сплотени сме со една мисла: стручност и квалитет, наместо квантитет

Случувањата во Клиниката за токсикологија, како знак на револт поради нестручноста на новата економска директорка и нејзиниот однос кон работата, вработените и стручниот кадар, синоќа добија нова димензија со објавата на професор д-р Нико Беќаровски кој ги претстави своите колешки, докторки со звања специјалист, примариус, професор, кои го кренаа својот глас против партизацијата и за зачувување на реномето и професионализмот како на Токсикологија, така и во целиот Универзитетски клинички центар.

Објавено на

часот

Сподели

Беќаровски напиша:
„Дозволете со посебно задоволство, чест и респект да Ви ги претставам останатите 6 колешки кои беа присутни на вчерашната прес конференција (од лево кон десно)
1. д-р. спец Билјана Иванова , Раководител на одделение
2. Проф. д-р. Жанина Переска, Раководител на оддел, член на Стручниот колегиум на Клиниката и професор на Медицинскиот факултет.
3. Примариус др.спец Ирена Јуруков, Раководител на одделение и Претседател на Управниот одбор на Клиниката.
4. Проф. д-р. Лидија Петковска, Раководител на оддел, член на Стручниот колегиум и редовен професор на Медицинскиот факултет.
5. Науч.сор. д-р.сци Александра Бабуловска, Раководител на одделение и научен соработник на Медицинскиот факултет.
6. Проф. д-р. Наташа Симоновска, Раководител на оддел, член на Стручниот колегиум на Клиниката и професор на Медицинскиот факултет.
СИТЕ ПРИСУТНИ БЕА СО НАЈМАЛКУ 20 ГОДИШЕН СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТАЖ И НИТУ ЕДЕН НЕ БИЛ И НЕ Е ПАРТИСКИ АКТИВИСТ.
Сите сплотени со една мисла, Клиниките да зрачат со стручност и највисок квалитет, а не со квантитет.
Дозволете во мое и во името на сите колешки, да Ви се заблагодарам на сите, повеќе од десет илјади граѓани, кои ни дадовте директна или индиректна подршка.
За крај посебен “поздрав” до ЛЕКАРСКАТА КОМОРА, која …“.
За невообичаената ситуација во Клиниката за токсикологија каде новата директорка беше поставена ден пред да се формира техничката влада, МКД.мк беше првиот медиум што пред повеќе од еден месец информираше за револтот на вработените кои алармираа дека таа дури не го знае македонскиот јазик и кога треба со некого да разговара, преведувачки се нејзините секретарки.
Министерот за здравство пак, по јавно изразениот револт на вработените, одлучи да го разреши директорот, а не економската директорка против која беше кренат гласот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ